Ahmet Dursun
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
АНКАРА (АА) - Иранскиот лидер, ајатолахот Али Хаменеи, рече дека неговата земја ќе продолжи да извезува нафта толку колку што е потребно и дека обидите на Соединетите Американски Држави (САД) да го укинат извозот на иранската нафта ќе пропаднат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот лидер Хаменеи, во својот говор одржан во неговата резиденција во главниот град Техеран, пред голем број службеници, ги оцени пречките на САД.
„Нивните напори нема да дадат резултати. Ние ќе продолжиме да извезуваме нафта толку колку што имаме потреба. Тие треба да знаат дека нивните непријателски обиди нема да останат без одговор“, истакна Хаменеи.
Хаменеи, истакнувајќи дека САД сакаат Иран да потклекне, рече: „Тие сонуваат дека ќе го сопрат Иран да извезува нафта, но нашата силна нација и умните службеници, ако работат напорно, ќе ги надминат сите проблеми. Колку помалку зависиме од ваков вид продажба на нафта, толку повеќе ќе бидеме ценети и ќе ни биде подобро“.
Во соопштението од Белата куќа, во понеделникот, беше истакнато дека 8 земји, меѓу кои се наоѓа и Турција, кои претходно беа ослободени на одреден период од санкциите за купување на иранска нафта, повеќе нема да бидат ослободени.