Ahmet Karaahmet
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
ИДЛИБ (АА) - Седум цивили ги загубија животите, од кои 5 деца, а 13 се повредени во нападот што руски воен авион го изведе врз селата Јакубије и Џудејде, во покраината Идлиб, северозападна Сирија, во кои живеат христијани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според опозициската опсерваторија за авиони, во 5:36 часот по средноевропско време, руски воен авион, кој полетал од базата „Химејмим“ во Латакија, извршил воздушен напад врз селата Јакубије и Џудејде во западниот дел на Идлиб.
Според информациите добиени од претставниците на Цивилната одбрана (Бели шлемови) во Идлиб, во воздушниот напад на рускиот авион врз селото Џудејде, според првите сознанија, животот го загубила 7 лица, од кои 5 деца, а 13 се повредени.

Во областа врз која е изведен нападот, покрај христијани, живеат и семејства раселени поради војната.
Се дознава дека лицата кои ги загубиле животите во нападот се цивили кои избегале од нападите на режимот на Башар ал Асад и неговите поддржувачи во покраината Хама и се засолниле во регионот.
– Ситуацијата во Идлиб –
На состанокот во Астана во 2017 година, Туркије, Русија и Иран одлучија да создадат 4 деескалациски зони во областа која не е под контрола на режимот на Асад.
Режимот, терористичките групи поддржани од Иран и Русија ги продолжија своите напади и презедоа три од четирите региони и се упатија кон Идлиб.
И покрај тоа што Туркије со Русија во септември 2018 година постигна дополнителен договор за зацврстување на прекинот на огнот, нападите повторно се интензивираа во мај 2019 година.
По новиот договор меѓу Туркије и Русија на 5 март 2020 година, прекинот на огнот во голема мера е зачуван.
Во периодот од 2017 до 2020 година, околу 2 милиони цивили биле принудени да мигрираат во регионите близу турската граница поради нападите на Русија и режимските сили.