Can Erözden
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
МАДРИД (АА) - Баскиската сепаратистичка организација ЕТА најави дека на почетокот од следниот месец ќе го објави и формалното укинување и запирање на сите активности, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанската новинска организација ЕФЕ објави дека раководството на терористичката група ЕТА одлуката за укинување на организацијата ќе ја објави на 5 мај на собирот во францускиот град Бајон.
ЕТА е формирана во 1959 година и започна вооружена борба за воспостаување независна баскиска држава во северниот дел на Шпанија и југозападна Франција. Се наоѓа на листата терористички организации во Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Организацијата се товари за убиство на најмалку 800 лица.
Раководството на ЕТА во април минатата година објави дека ќе го предаде оружјето и ќе ги заврши вооружените активности.
Во Шпанија се притворени вкупно 228 лица обвинети за членство во терористичката организација ЕТА, додека 52 нејзини членови се наоѓаат во затворите во Франција.