Bayram Altuğ
10 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис истакна дека 65 отсто од новите видови на случаи на Ковид-19 се пријавени од европскиот регион и рече дека Европа е среде силна и многу тешка епидемија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, портпаролката Харис одговори на прашањето на новинарот на Агенција Анадолија (АА) за смртните случаи предизвикани од Ковид-19, кој е во пораст во источноевропските земји, особено Русија, Украина и Полска.
Посочувајќи дека центарот на епидемијата и понатаму е Европа, Харис нагласи дека 65 отсто од случаите на Ковид-19 во светот се од Европа.
„Европа е сред силна и многу тешка епидемија и огромното мнозинство на случаите се од варијантата Делта. Веќе долго време велиме, зајакнете го јавното здравство и социјалните мерки, побрзајте со вакцините. Бидејќи сите овие мерките ќе ги запрат и Делта и Омикрон“, рече Харис.
Нагласувајќи дека Европа со недели се соочува со многу тешка и сериозна епидемија, Харис повика на удвојување на сите мерки.
Таа го повтори повикот да се избегнуваат масовни собири, да се избегнуваат гужви, да се носат маски и да се внимава на хигиената на рацете.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат тековните податоци за новите случаи на Ковид-19 во земјите и регионите во светот, во последните 24 часа од вирусот починале 1.176 лица во Русија, 571 во Полска и 442 лица во Украина.