Muhammet İkbal Arslan
09 Јануари 2025•Ажурирај: 10 Јануари 2025
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека забраната на активностите на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) дополнително ќе ги продлабочи страдањата на луѓето во Газа.
Гебрејесус на платформата X сподели пост во врска со израелскиот парламент (Кнесет) кој го усвои предлог-законот со кој се става крај на активностите на УНРВА.
„УНРВА е најголемиот здравствен добавувач во Газа“, рече Гебрејесус, истакнувајчи дека УНРВА обезбедува повеќе од 16.000 медицински консултантски услуги дневно со приближно 1.000 здравствени работници.
Нагласувајќи дека ниту една друга институција не може да го достигне обемот на поддршката што ја дава УНРВА, Гебрејесус во објавата наведе:
„Забраната на УНРВА ќе ги продлабочи страдањата на луѓето на кои им е потребна грижа, од аспект на спасување животи“.