Ekipa
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ТУБАН (АА) - Силен земјотрес кој тресеше мебел и уништи згради денес ги натера жителите на островот Суматра да истрчаат во паника на улиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако земјотресот со магнитуда 6,5 погоди во море со длабочина од околу 72 километри (44.7 miles) јужно од покраината Западна Сумара, метеоролошката агенција изјави дека не постои опасност од цунами.
Жителите од Јужнокрајбрежната област и местото Муко-Муко осетија потреси за околу 20-30 секунди.
Потресите мрдаа мебел и апарати од своите места во домовите во регионот, а на сликите од Нугрохо се гледа дека неколку куќи во Муко-Муко претрпеле тешки штети како испукани ѕидови и срушени кровови.
„Телефонскиот сигнал и струјата се сега во нормален тек”, изјави тој.
Агенцијата за катастрофи продолжува да ги утврдува штетите на зградите, и можноста за жртви.
Потресите од утринскиот земјотрес наводно биле почувствувани во делови на Сингапур и Полуостровска Малезија на север.
Индонезија се наоѓа во рамките на Пацификот „Огнен прстен”, каде тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности.
На 26-ти декември 2004 година, земјотрес со магнитуда 9,1 го погоди источниот брег на Суматра, предизвикувајќи цунами во кое загинаа околу 230,000 лица при што продолжи по должината на бреговите на Сри Ланка, Индија, Малезија, Индонезија и Тајланд.