Seyit Aydoğan
25 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
ТОРОНТО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Канада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канадскиот Центар за сеизмологија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Порт Харди, 188 километри од Ванкувер.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а се почувствувал и во соседен Ричмонд.
Настрадани нема, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
Од понеделникот, во Тихиот Океан се евидентирани пет земјотреса со јачина помеѓу 4,8 и 6 степени.