Zeynep Hilal Karyağdı
06 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
ТРИПОЛИ (AA) - Силите на либискиот воен командант Калифа Хафтер ја презедоа контролата над Меѓународниот аеродром Триполи, во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот за односи со јавноста на Харп, наведено е дека вооружените сили во потполност го зазеле аеродормот.
Од Националната армија на Либија, која е поврзана со Хафтер, во петокот е соопштено дека ја презеле контролата над аеродромот, меѓутоа потоа Владата на национално помирување наведе дека ја вратиле контролата над аеродромот.
Завојуваните сили сметаат дека судирите во околината на Триполи нема да престанат додека во потполност не биде реализирана мисијата.
Либискиот воен командант Калифа Хафтар пред два дена на силите лојални на неговиот табор им наредил да тргнат во марш на Триполи, главниот град на Либија кој е под контрола на либиската Влада на националното единство која ја поддржуваат и Обединетите нации.
Хафтар наредбата ја објави на интернет и тоа непосредно откако генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја заврши посетата во Либија и изрази загриженост поради кризата во таа земја.
Вчера силите на Хафтар без поголеми судири ја презедоа контролата во гратчето Гарјан кое се наоѓа на само 50 километри од Триполи.
Либија е упориште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога е убиен Моамер Гадафи. Оттогаш на власт се паралелни влади со седишта во Триполи и Тобрук, кои имаат одделни парламенти и вооружени сили. Хафтар е на чело на структурите во Тобрук.
Кон крајот на 2015 година претставници на паралелните либиски влади под покровителство на Обединетите нации потпишаа договор за формирање Влада на национално единство.
Планот беше таа влада да ја преземе власта во земјата и во рок од 12 месеци да распише парламентарни избори. Поради продолжување на несогласувањата, досега тоа не се имплементирало во потполност, па Либија и понатаму е далеку од сигурна и политички стабилна земја.