Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица загинаа како резултат на големото невреме кое ја погоди Полска, јавува Anadolu Agency (AA).
Полските власти велат дека невремето ја зафатило областа помеѓу Гдањск и Баранавичи, во северниот дел на земјата. Според нивните изјави, загинале пет лица, меѓу кои и две деца.
Повредени се голем број на луѓе. Уривањето на дрвјата на патот било причина за човечките жртви. Поради силното невреме дојде до прекин на електричната енергија, со што во темница останаа околу 340.000 граѓани.