Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ИДЛИБ (АА) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ/АХМЕТ КАРААХМЕТ -
Фирас Мансур, кој живее во сирискиот град Идлиб, преку социјалните мрежи реализира хуманитани активности за помош на цивилите погодени од граѓанската војна во Сирија, пишува Агенција Анадолија (АА).
Преку хуманитарните кампањи кои ги организира, Мансур во повеќе области им помага на цивилите кои живеат во камповите на границата со Турција, во кои најдоа засолниште бегајќи од нападите на Асадовиот режим и неговите поддржувачи.
Мансур се посветил на хуманитарните активности од областа на здравството откако ги видел лицата кои го изгубиле својот вид, а немале пари за операции, како и лицата заболени од рак кои немаат пари за лекување.
Благодарение на помошта која ја собира од активности преку социјалните мрежи, успеа да помогне во излекувањето на десетици деца со оштетен вид.
Мансур во разговорот за АА истакна дека не сака да остане нем во однос на болката која ја претрпуваат луѓето, и затоа, преку социјалните мрежи собира помош и им помага на лицата кои имаат потреба.

Дваесет и четиригодишниот Сириец нагласи дека пред две години почнал да го работи ова, истакнувајќи дека од здравствен аспект им помагаат на луѓето кои живеат во камповите.
„Благодарение на тоа успеавме во тоа десетици деца со оштетен вид да можат повторно да гледаат“, додаде тој.
Рече дека со поддршка на хуманите лица отвориле и училишта.
„Во камповите делиме леб. Ги опериравме итните случаи. Дури и оваа помош е недоволна за исполнување на потребите на лицата кои живеат во тешки услови. Секој ден сè повеќе се зголемува бројот на лица заболени од рак. Голем број цивили живеат во импровизирани шатори. Има и такви кои не можат да најдат пари за храна“, рече тој, упатувајќи апел да за помош на хуманитарците.
Ајше Абдулкерим, мајка на 11-месечно бебе со оштетен вид, кое беше лекувано од страна на Мансур, нагласи дека кога нејзината ќерка имала две месеци откриле дека има оштетен вид.
Таа рече дека посетиле неколку болници, но не успееле да обезбедат третман за нејзината ќерка.
„Потоа Господ ни го испрати нашиот брат Фирас. Благодарение на Бога и Фирас, мојата ќерка е опрерирана по што видот ѝ се врати“, додаде мајката, изразувајќи ја нејзината неизмерна среќа за излекувањето на нејзината керќа.