Fatma Esma Arslan
22 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ДАКАР
Соединетите Американски Држави (САД) ја суспендираа воената соработка со Мали по извршениот државен удар во земјата кој резултираше со соборувањето на претседателот на оваа земја, Ибрахим Бубаџар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џ. Петер Фам, специјален претставник на САД за африканскиот Сахелов Појас, во изјава за медиумите истакна дека обуките кои редовно биле извршени со војската на Мали, како и поддршката за оваа војска се прекинати се додека не се разјасни ситуацијата во регионот.
Фам нагласи дека по правното испитување, ќе биде донесена одлука дали настаните ќе бидат опишани како пуч кој ќе предизвика прекинување на директната поддршка за владата.
Инаку, САД даваат редовна обука за војниците во Мали, додека разменуваа и разузнавачки информации за француската операција Баркане.
Претходно беше откриено дека дел од војниците пучисти се обучувано од страна на САД.