Adham Kako
06 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
ТЕЛ АБЈАД/АНКАРА (АА) - Војниците на Сириската национална војска (СНВ) продолжуваат со активностите за пребарување за да се осигурување на безбедноста во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако операцијата беше запрена, војниците на СНВ, кои се наоѓаат на предните линии околу Тел Абјад и Рас ал Ајн, продолжуваат да ги уништуваат рачно изработените експлозиви, што им припаѓаат на терористите, и да одговараат на нападите од терористите што ги изведуваат врз предните линии.
Според информациите добиени од командантите на Сириската национална војска (СНВ) од теренот, 144 војници на СНВ загинале, а 557 се повредени како резултат на активностите за пребарување и на нападите извршени од 9 октомври.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во својот говор на седницата на парламентарната група на АК партијата на 30 октомври, рече: „(Сириската национална војска) Ова се тие војници кои ги загубија своите животи бранејќи ги своите домови заедно со нашите војници. Ова се лица кои ѝ влеваат страв на смртта. Како резултат на солидарноста со нашата војска, одиме кон победа. Господ да ни ја овозможи победата што поскоро.“
„Сириската национална војска даде огромен придонес и во оваа операција, како и во претходните операции“, рече на 23 октомври министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кога беше гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency (AA) во Анкара.