Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
АНКАРА
Привремената Влада на Сирија денес ја повика меѓународната заедница да ги заштити цивилите во областа Мунбиџ во областа Алепо, откако терористите на ЈПГ/ПКК отворија оган кон демонстрантите.
Во писмено соопштение, привремената Влада ја осуди ЈПГ/ПКК за отворањето оган врз демонстрантите кои протестираат мирно, велејќи дека ОН и другите земји мора да го направат својот дел за веднаш да ги заштитат луѓето во Мунбиџ и да стават крај на актите на СДФ за присилно регрутирање на млади луѓе во спротивност на меѓународното право.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК го користеше акронимот СДФ (Сириски демократски сили), кои ги сочинуваат курдски и арапски борци што се борат против ДЕАШ, како покритие за добивањето меѓународна поддршка.
Стотици луѓе во Мунбиџ се собраа во понеделникот во знак на протест против приведувањето на децата од страна на ЈПГ/ПКК, со цел воено да ги обучат и регрутираат во своите редови.
Еден цивил беше убиен, а шест други беа повредени кога терористите отворија оган врз луѓето што протестираа против присилните регрутации.
Терористичката организација ПКК/ЈПГ наметна таканаречена задолжителна воена служба за девојчињата и момчињата родени помеѓу 1990 и 2003 година во траење од околу една година.
На овој начин, терористичката организација присилно регрутираше арапски деца и млади во окупираните области на Мунбиџ, Ајн ал-Араб, Камишли, Ал-Маликија, Дирбасије, Ал-Хасека, Рака и Деир ез-Зор.
Документирајќи ги повредите на цивилите во Сирија, Сириската мрежа за човекови права, во својот извештај објавен на 22 мај, рече дека скоро 3.800 цивили се присилно задржани во притворските центри основани од Сириските демократски сили предводени од ЈПГ/ПКК.