Seda Sevencan
19 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириски фоторепортер е повреден на протестот во француската престолнина Париз поради интервенција на полицијата, соопштија „Репортери без граници“ (РСФ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Надзорот за медиуми со седиште во Париз соопшти дека Закарија Абделкафи претрпел повреда над окото како резултат полициска интервенција за време на демонстрациите на илјадници луѓе кои повикуваат на зголемување на платите во услови на висока инфлација во земјата.
На триесет и осумгодишниот камерман кој обилно крварел, му била пружена помош на лице место.
Се додава дека „активно се истражува овој инцидент“ и се истакнува дека новинарот претходно известувал за граѓанската војна во Сирија.