Mahmoud Barakat
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ЈEРМУК/АНКАРА (АА) - Сирискиот режим и опозициската сириска група Тахрир ал Шам постигнаа договор за евакуација на подрачјата што ги контролира групата во кампот за палестински бегалци „Јермук“, во близина на Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописниците на АА од подрачјето, режимот постигна договор со оружената опозициска група, за евакуација на групата од деловите на кампот што сè уште се под нејзина контрола.
Договорот, исто така, повика на придружни евакуации од Фуа и Кафрија, места со мнозинско шиитско население во северозападната сириска покраина Идлиб.
Според дописниците на Anadolu Agency од Идлиб, конвоите со автобуси чекаат во двете села за започнување на процесот на евакуација.
Договорот за евакуација, наводно, ги покрива и подрачјата на Јалда, Бабила и Беит Сахем, што се наоѓаат во близина на кампот „Јермук“ и во моментов се под контрола на Слободната сириска војска (ССВ).
Во меѓувреме, режимот на Асад продолжи со нападите врз кампот, од кој најголем дел е под контрола на терористичката организација ДЕАШ.