Adham Kako
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал Асад тврди дека израелските воени авиони нападнале одредени точки во главниот град Дамаск, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Официјалната новинска агенција на режимот, САНА, објави дека израелските воени авиони доцна во ноќта нападнале 4 точки во главниот град Дамаск.
Во веста се тврди дека израелските авиони го организирале нападот од Голанската Висорамнина и југот на Либан и дека биле насочени кон регионите Кисва, Мерч Султан, Јиср Багдад и Изра.
Исто така, во веста се тврди дека системите за воздушна одбрана на режимот запреле голем број ракети.
Израелските власти не дадоа никакви изјави во врска со ова прашање.
Израел, од 2011 година, кога започна Граѓанската војна, повремено ги напаѓа групите поддржани од Иран и воените точки што припаѓаат на режимот.