Ekipa
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ДАМАСК (АА) - Според јавувањата на провладините телевизии силите на сириската војска стигнале до Палмира, древниот град познат по урнатините од римскиот период, кој во мај минатата година го зазема ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Две либански ТВ станици прикажаа снимки од тенковите и митралезите на сириската влада како пукаат врз позиции во градот, пропратено со голем чад кој се гледа на хоризонтот.
Сириската опсерваторија за човекови права (SNHR), мониторинг група со седиште во Велика Британија, соопшти дека владините сили со помош на руското бомбардирање го зазедоа северното предградие на Палмира.
Телевизијата Al-Manar, која е под контрола на либанскиот Хезболах, ги прикажала сириските трупи како заземаат позиции во близина на градот.
Опсерваторијата наведува дека ДАЕШ во контраофанзива убил најмалку десет сириски војници.