Adham Kako
08 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во граѓанската војна во Сирија се убиени 855 здравствени работници, од кои 669 се убиени од страна на силите на режимот на Башар ал Асад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
СНХР го објави извештајот во врска со загинатите и задржаните здравствени работници од 11 март 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија, до денес.
Во извештајот се нагласува дека 855 здравствени работници биле убиени во овој период за кој станува збор.
Силите на режимот кои се состојат од Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран убиле 669 здравствени работници, додека во нападите на руските сили загинале 68 здравствени работници.
Терористичката организација ДЕАШ уби 40 здравствени работници, 13 се убиени од страна на силите на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, 8 од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, 36 од страна на воената опозиција и анти-режимските вооружени групи и 21 здравствен работник е убиен одс трана на неидентификувани страни.
Од друга страна, додека светот се справува со новиот вид коронавирус (Ковид-19), вкупно 3.353 задржани здравствени работници, од кои 3.327 се задржани од страна на силите на режимот, чекаат да бидат ослободени.
Во овој извештај се истканува дека во рамки на граѓанската војна која е во тек, здравствените установи во различни зони во Сирија биле бомбардирани 870 пати, од кои 87 отсто се бомбардирани од страна на Асадовиот режим и Русија.