Hasan Esen
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 626 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 31.241, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за животна средина, Џорџ Еустис, на дневна прес-конференција истакна дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 во болници, во домовите за стари лица и во своите домови починаа 626 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 31.241.
Во последните 24 часа во земјата се направени 97.029 тестирања за Ковид-19, со што вкупниот број на извршени тестирања за Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 1.631.561.
Според соопштеното, бројот на случаи со овој вирус со раст од 4.649 се искачи на 211.364.
Меѓу другото, Институтот за јавно здравје на оваа земја информира дека меѓу починатите се наоѓа и едно 6 неделно бебе.