Mahmoud Barakat
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ХАЈАТ (АА) - Во текот денешните руски воздушни напади во областa на Туркменските Планини и Џабал ал-Арки, област која се наоѓа во северозападната сириска покраина Латакија, убиени се 24 цивили, а десетици беа повредени, објавија локалните извори, а пренесува Anadolu Agency ( АА).
Според локалните извори на мета на руските воздушни напади беа селата Џумеран, Аин ал-Газал, Бадама. Спомнатите села беа под оган на сириските владини сили и руските борбени авиони уште од вчера.
Русија воздушните напади во Сирија ги започна на 30-ти септември, со цел поддршка на режимот на претседателот Башар ал-Асад. Кремљ тврди дека целта на нивните напади се позициите на ДАЕШ, додека некои земји, членки на НАТО, веруваат дека Русија цели кон групите кои се противат на режимот на Асад.
Според извештајот на Amnesty International (АI), кој беше објавен денес, во текот на последните три месеци во руските воздушни напади, загинаа стотици цивили. Организацијата за човекови права тврди дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), најмалку 250.000 лица се убиени во Сирија од почетокот на конфликтот во почетокот на 2011 година.