Erkan Avci
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Кери, кој на оваа должност стапи во февруари 2013 година, е американски шеф на дипломатијата кој најмногу патувал во историјата на оваа земја, пишува Anadolu Agency (AA).
Џон Кери од февруари 2013 година посетил 77 земји, 39 пати со авион ја обиколил Земјината топка, а во авионот поминал 2.115 часа и 26 минути, односно 88 дена.
Според информациите од Министерството за надворешни работи на САД до кои дојде новинарот на АА, Кери во текот на досегашниот мандат, 14 месеци поминал вон земјата, а месечно обавувал најмалку една посета во странство.
Во текот на посетите, 39 пати со авион ја заобиколил Земјината топка. Американскиот шеф на дипломатијата во авионот поминал 2.115 часа и 26 минути, односно 88 дена.
Министерот Кери за помалку од три години, шест пати ја посетил Турција, 14 пати престојувал во Израел и Палестина, а меѓу европските земји најмногу патувал во Франција, Велика Британија и Швајцарија. Ги посетил, исто така, и Египет, Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Оман, Јордан како и земјите од Средна Азија.
Кери, кој за време на војната во Виетнам служел во американската морнарица, во првата година на својот мандат престојуваше во историска посета на таа земја. Втора негова посета, која е окарактеризирана како историска, е посетата на Куба. Кери во август престојуваше во Хавана што беше прва посета на еден шеф на дипломатија на САД, по 1945 година.
Кога станува збор за јужноамериканскиот континент, Кери го посетил Бразил, Колумбија, Гватемала, Панама, Чиле, Мексико и Перу.