Selen Temizer
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Припадниците на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и сојузниците синоќа врз деескалационата зона во Идлиб фрлија 18 бомби со бел фосфор, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори соопштија дека режимските сили и сојузниците врз Хан Шејкун фрлиле бомби со бел фосфор, чија употреба, во согласност со меѓународните правила на војување, е забранета.
Силите на режимот го извеле нападот од подрачјето на Ман, во Хама.
Податоците на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) покажуваат дека во нападите кои ги извеле припадниците на Асадовиот режим и неговите сојузници од 26 април до 23 јуни на споменатото подрачје, животот го изгубиле 487 цивили, а 1.495 се ранети.
Режимските сили користеа бомби со бел фосфор и во нападот на местото Шеих Мустафа во Идлиб на 3 јуни.