Halit Süleyman
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Болница на периферијата на Етариба, која се наоѓа западно од Алепо во Сирија, беше целосно уништена во воздушни напади, а во нападите е повреден и персоналот вобоницата, јавува Anadolu Agency (AA).
Бабирис Мешал, од цивилната заштита во Алепо, соопшти дека биле извршени три воздушни напади на болницата, по што таа целосно беше уништена.
Мешал додаде дека повредените се вработени во болницата и дека е предизвикана значителна штета на возилото на брзата помош и медицинската опрема.
Авионите на сириската армија во неделата извршија напади врз медицинскиот центар во Бинис, во Идлиб, кој подоцна беше потполно уништен.