Ali Cura
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
КИЕВ (АА) - На состанокот на Советот на помирување во украинскиот Парламент се случи физичка пресметка меѓу лидерите на двете партии, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на радикалната партија, Олег Љашко, во својот говор на состанокот, ги обвини лидерот на опозицискиот блок, Јури Бојко и пратеникот од опозицискиот блок, Сергеј Левочки дека добиваат наредби од Кремљ.
Љашко рече: „Имам едно прашање за Службата за безбедност на Украина. За нив одат во Москва и сѐ уште не се во затвор“, при што Бојко стана и го удри Љашко со тапаница в лице. Љашко се обидуваше да стои на нозе, а Бојко притискаше да се продолжи пресметката. Инцидентот заврши со интервенцијата на пратениците.
Претседателот на украинскиот Парламент, Андреј Парубиј, во својата изјава наведе дека пресметката меѓу двајцата лидери е дел од планот на Кремљ за дестабилизација на Украина.
Парубиј потсети дека минатата недела, Службата за бедбедност на Украина најави дека Москва подготвува план за политичко слабеење на Украина и додаде: „Сигурен сум дека оваа пресметка е направена со нарачка однадвор, за да се ослаби нашата држава“.