Ekipa
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
КАИРО (АА) - Египетскиот претседател Абдулфетах Ес Сиси изјави дека неговата земја никогаш нема да се двоуми за напад на камповите кои се обидуваат да го нападнат Египет однадвор и одвнатре, јавува Anadolu Agency (AA).
Сиси, во изјава за египетската државна телевизија, се осврна на вчерашниот напад врз автобус кој превезувал коптски христијани во кој загинаа 28, а беа повредени 25 лица.
Сиси смета дека зад вчерашниот напад стои терористичката организација ДЕАШ.
„Египет никогаш нема да се двоуми за напад на камповите кои ѝ се закануваат на нашата земја однадвор и одвнатре”, изјави Сиси и додаде:
„Нивната цел е да се сруши државата Египет. Следете каква стратегија води ДЕАШ. Може да се забележи дека сакаат да предизвикаат судири меѓу муслиманите и христијаните, и на христијаните им порачуваат дека државата не ја гарантира нивната безбедност”.
Тој нагласи дека со последните напади во Каиро, Танта и во Александрија се настојува да се наруши единството на египетскиот народ.