Fuat Kabakçı
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Посетителите на музејот во кинескиот главен град, Пекинг, каде се изложени класични автомобили од првиот период на автомобилската индистрија, ве водат на патување низ историјата, пишува Anadolu Agency (AA).
„Музејот на автомобили - Пекинг“, кој се наоѓа во западниот дел на Пекинг, на своите посетители им овозможува да го видат светот на производителите на автомобили од 19. и 20. век.
Петкатниот музеј со површина од 50 илјади квадратни метри, привлекува внимание и со својата посебна архитектура. Во овој музеј се изложени над 80 различни модели и брендови на автомобили.
Овој музеј е основан со фонд од 700 милиони кинески јуани (околу 100 милиони долари). Музејот започна да се гради во 2007 година, а во 2011 година ги отвори своите врати за посетителите.
Исто така, музејот има за цел да додава иновации во културната атмосфера на Пекинг, а се состои од три главни делови, од кои технолошката сала, салата за развој како и салата на класичната колекција на кинеската автомобилска индистрија.
Во овој прв музеј на автомобили во Кина покрај изложбата на автомобили, изложени се и разни фотографии како и видеа.
- Класичните автомобили ги чекаат своите љубители -
Во музејот се изложени првите автомобили на голем број марки како Јагуар, Волксваген, Форд, Бугати, Цитроен, Волга, а постојат простории каде се изложени и воени возила.
Возилата со нивниот различен дизајн, изглед и перформанс биле „ѕвезди“ во својот период.
Овие автомобили кои се предци на денешните автомобили, покажуваат колку човештвото напредувало од минатиот век до денес во областа на технологијата и автомобилскиот дизајн.
Меѓу другото, изложените автомобили пред извесно време во филмовите биле презентирани како „најнови автомобили“, а денес се дел од историјата, и го покажуваат патувањето на човекот низ историјата на автомобилскиот сектор.
Покрај класичните автомобили, во музејот се изложуваат и автомобилски делови, реплики на автомобили, коњски коли, велосипеди како и мотоцикли.