Muhammet Tarhan
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, истакна дека безбедноста на Европа во голема мера е во рацете на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Питер Сијарто, одржаа заедничка прес-конференција по средбата што се одржа во Анкара.
Наведувајќи дека Европската Унија (ЕУ) треба многу да ѝ се заблагодари на Турција, Сијарто нагласи: „Затоа што Турција угостува 4 милиони бегалци. Доколку Турција не го стори тоа, стотици илјади нелегални мигранти како големи маси преку Балканот ќе се појават на јужната граница на Унгарија.“
Истакнувајќи дека ги штитат границите на неговата земја, дека поставиле ограда и дека војниците се на должност, Сијарто рече дека подобро е неговата земја да не се соочи со таква ситуација на јужната граница.
Сијарто, посочувајќи дека меѓународната соработка треба да придонесе секој да биде среќен во својот дом, рече дека со меѓународната поддршка треба да се спречат нови бранови на миграција и да им се помогне на сите да се вратат во своите домови.
Истакнувајќи дека тоа има и економски и безбедносни димензии, Сијарто рече: „Без разлика дали им се допаѓа или не, безбедноста на Европа во голема мера е во рацете на Турција.“
Сијарто, наведувајќи дека се согласуваат со обврската на ЕУ за поддршка на сириските бегалци во Турција со 6 милијарди евра, рече дека еден дел од таа поддршка е исплатена, но дека тоа не е 6 милијарди евра.
Посочувајќи дека ЕУ мора да ја исполни својата обврска за Турција да ги задржи бегалците, Сијарто рече: „Европа не треба да ја ризикува безбедноста и треба да ги исполни своите обврски од договорот.“