Mustafa Talha Öztürk
31 Јули 2025•Ажурирај: 01 Август 2025
САРАЕВО (АА) – Словенечкото Министерство за надворешни работи денес го повика израелскиот амбасадор во Љубљана за формално да упати протест против „неподносливата хуманитарна катастрофа“ во Газа предизвикана од ограничувањата на хуманитарната помош, пренесува Анадолу.
Според објавата на X, во демарш, Министерството изразува длабока загриженост за ситуацијата и го повика Израел „веднаш да го прекине убивањето и изгладнувањето на цивилите“.
Љубљана го повтори својот став дека непречениот пристап до итна хуманитарна помош е од суштинско значење и повика на почитување на меѓународното хуманитарно право.