Mustafa Talha Öztürk
12 Јануари 2023•Ажурирај: 14 Јануари 2023
БЕЛГРАД (АА) - Со 7 гласа за наспрема 1 против, Уставниот суд на Словенија денеска го поддржа блокирањето од страна на Парламентот на референдумот за истополови бракови и за посвојување деца од истополови двојки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судот соопшти дека референдумот е неприфатлив и неуставен.
Парламентот „одлучи дека референдумот за истополови бракови е неприфатлив. Оваа одлука ја евалуиравме во согласност со пријавата што ја примивме. Седум члена ја одобрија одлуката на Собранието, а еден изрази спротивно мислење“, се вели од Судот.
„Во земјата законски е прифатливо венчавање на двајца луѓе од различен пол. Незаконски е истополовите партнери да формираат формално партнерство, ниту пак можат да посвојуваат деца“, се додава.
Откако Парламентот во октомври минатата година не го изгласа одржувањето референдум за еднаквост пред Законот за истополовите бракови со оние од различен пол, една невладина организација поднесе барање до Уставниот суд да ја отфрли одлуката.