Michael Hernandez
08 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Целиот процес на имиграција на муслиманите во САД треба да се сопре, изјави, вчера, републиканскиот претседателски трагач за кандидатура, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (АА).
Могулот на недвижнините повика на „тотално и комплетно забранување на муслиманите за влегување во САД, додека државните претставници не сфатат што се случува“.
Во изјавата, тој го цитираше анкетното истражување на Центарот за безбеносна политика, и рече дека тоа покажало дека „25 отсто од испитаниците се согласиле дека насилството против Американците овде во САД е оправдано како резултат на глобалниот џихад“.
Претходно постоеше огромен хор против дозволувањето влез на сириски бегалци во САД со неколку претседателски кандидати кои повикуваа на реализирање одреден религиозен тест со цел спречување влез на сириски муслимани во земјата.
Но повикот на Трамп оди чекор подалеку со неговото барање за забрана за влез на сите муслимани, без оглед на националноста,
„Очигледна е омразата е над сечие разбирање“, рече тој. „Сè додека не го дефинираме и сфатиме овој проблем а со тоа и опасните закани кои ги наметнува тоа, нашата земја не смее да биде жртва на грозните напади на луѓе кои веруваат само во џихадот, и немаат никакво совест или почит кон човековиот живот“.
Повикот следи по масовното убиство на 14 лица во близина на Лос Анџелес, кои властите го истражуваат како терористичко дело.
Други Републиканци кои очекуваат номинација од партијата го побија најновиот политички рецепт на Трамп.
Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, го нарече својот колега „ментално растроен“, велејќи „Неговите ,политички' предлози не се сериозни“.
Исто така, гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи рече дека коментарите на Трамп се „смешни“.
Сенаторот Берни Сандерс, кој е во потрага по номинација од Демократите, на Твитер го изнесе своето мислење. „САД се силна нација кога сме заедно. А сме слаби кога дозволуваме расизмот и ксенофобијата да не разделат“.