Laith Joneidi,Daniel Gallego
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
АМАН (AA) - Претседателот на Словенија Борут Пахор, кој престојува во официјална посета на Јордан, денеска го посети бегалскиот камп Ез-Затери во кој престојуваат сириските бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалскиот камп Ез-Затери се наоѓа во северниот јордански град Ал-Мафраку, а Пахор за ситуацијата во кампот го информираше управникот Неврез Хакуз
Пахор ја искористи приликата и се дружеше со сириските деца кои престојуваат во кампот.
Освен бегалскиот камп, Пахор исто така го посети кабинетот на Високиот комесаријат на Обединетите народи за бегалци (УНХЦР) како и Канцеларијата на фондот за деца (УНИЦЕФ).
Во придружба на Пахор во текот на посетата беа и бројни јордански функционери.
Словенскиот претседател Пахор вчера допатува во Јордан, а планирано е утре да се состане со јорданскиот крал Абдулах II, премиерот на Хани Ал-Мулки и другите функционери.