Adham Kako
20 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека 843 цивили се убиени во нападите на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговиот поддржувач, Русија, во деескалационата зона во Идлиб, од 26 април до 19 август, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на СНХР, режимот на Асад ја нападнал со барел-бомби покраината Идлиб 1.392 пати, областа Хама 1.572 и Латакија 208 пати или вкупно ги нападнал овие области 3.172 пати.
- Последната ситуација во деескалационата зона во Идлиб -
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, сметана и внатрешната миграција достигнува 4 милиони луѓе. Од март 2015 година е под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимските сили.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, од 26 април ги засили своите напади.