Betül Yürük
11 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
ЊУЈОРК
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за првпат го осуди насилството врз демонстрантите по државниот удар во Мјанмар, упатувајќи апел до војската за трезвеност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако војската во Мјанмар ја зазеде контролата врз администрацијата во земјата, Советот за безбедност објави соопштение во кое се вели дека настаните во земјата се загрижувачки, но дека не е постигнато усогласување за осудување на државниот удар.
Но, Советот за безбедност овој пат постигна усогласување за осудување на насилството врз демонстрантите.
Во соопштението на Советот за безбедност на ОН за првпат се осудува насилството врз демонстрантите на протестите одржани против државниот удар, и се упатува апел до војската за трезвеност.
Осудувањето на државниот удар не беше вклучено во заедничкото соопштение поради спротивставувањето на Кина и Русија.