Tufan Aktaş
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ИСТАНБУЛ
Сомалиската разузнавачка агенција соопшти дека бомбашкиот напад во главниот град, Могадишу, во кој загинаа десетици луѓе, меѓу кои и турски државјани, е планиран од странска земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната агенција за разузнавање и безбедност на Сомалија (NISA) на својот социјален медиум соопшти дека прелиминарниот извештај за нападот во главниот град Могадишу е испратен до Владата.
Во извештајот се посочува дека нападот е планиран и управуван од странска земја и дека за да се разјасни нападот ќе се соработува со некои меѓународни разузнавачки служби.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, во кој животот го загубија 81 лице.
Во саботата, во близина на Царинскиот центар во Могадишу, автомобил бомба експлодираше за време на минување на автобус кој превезувал универзитетски студенти.
Министерството за здравство на Турција, веднаш по нападот во Сомалија, испрати екипа од Националниот тим на медицински спасувачи (УМКЕ) и хируршки персонал од 20 лица.
Во експлозијата загинаа двајца турски државјани, а нивните мртви тела и 16 повредени Сомалијци беа однесени во Турција.