Emre Aytekin
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
АНКАРА
Судот во Кина осуди протестантски свештеник за уривање на државната власт и му изрече казна затвор од 9 месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Средниот народен суд во кинеската провинција Сичуан го осуди свештеникот Ванг, основачот на Калвинистичката црква во Ченгду, главниот град на провинцијата, поради обид за соборување на државната власт и водење незаконски работи.
Поради наведените кривични дела, на свештеникот му се одземени политичките права во наредните три години, изречена му е затворска казна од 9 месеци и одземен му е сиот имот со вкупна вредност од 50.000 кинески јуани (околу 6.400 евра).
Кинеските власти го апсеа Ванг и минатата година.