Ekipa
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
МОГАДИШУ (АА) - Командата на американските сили во Африка (AFRICOM) соопшти дека најмалку 37 терористи на Ал Шабаб се убиени во воздушните напади на американските бомбардери во Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во координација со властите на Сомалија, американските сили изминатиот викенд извршија жестоки воздушни напади на упориштата на терористичката организација Ал Шабаб во североисточната покраина Бари.
Синоќа од АФРИКОМ е соопштено дека во нападите немало загинати, а дека терористите претрпеле големи загуби.
„Силите на САД ќе продолжат да ги користат сите капацитети за да ги отстранат терористичките закани за Американците“, се наведува во соопштението.
Воздушните операции на американските сили се извршуваат врз основа на одобрението кое американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша по влегувањето во Белата куќа.