ekipa
23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
МОГАДИШУ
Капетанот на сомалиската полиција, Мохамед Хусеин, рече дека во нападот на зградата на Владата во Могадишу убиени се најмалку 5 луѓе, а меѓу нив и заменик-министерот за труд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хусеин појасни дека заменик-министерот Сакар Ибрахим Абдала е убиен во неговата канцеларија во приземјето на зградата набрзо откако вооружени напаѓачи упаднале во зградата.
Петмина вооружени напаѓачи упаднаа во владината зграда во главниот град на Сомалија, по самоубиствениот напад со автомобил бомба на влезот од зградата.
Сомалиските безбедносни сили, кои настојуваат да ја преземат контролата над зградата, разменуваат оган со напаѓачите.
Терористичката организација Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајќи дека нивните борци се во зградата која се наоѓа недалеку од седиштето на сомалиската разузнавачка агенција.