27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
ХАНОЈ (AA) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се состанаа во главниот град на Виетнам, Ханој, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Средбата на двајцата лидери кои се сретнаа на вечера, започна во пријателска атмосфера.
Ова е втор самит на двајцата лидери, кои на првиот самит се состанаа во јуни минатата година во Сингапур.
Трамп и Ким пред вечерата се ракуваа и се фотографираа за медиумите.
„Се надевам дека ќе биде успешна средба“, рече Ким за средбата.
Од друга страна, Трамп изрази задоволство што е заедно со Ким во Виетнам.
„Голема чест е да се биде заедно тука. Навистина Виетнам го постави црвениот тепих за нас“, додаде тој.
Трамп нагласи дека првиот самит бил многу успешен, и дека очекуваат и овој самит да биде исто така успешен.
Американскиот претседател ги опиша како успешни направените чекори во односите, и додаде:
„Како што реков повеќе пати, вашата земја има извонреден економски потенцијал. Поседува неограничен економски потенцијал. Мислам дека имате една прекрасна иднина, и еден голем лидер. Со нетрпение чекаме да видиме дека се реализира тоа, и да ви помогнеме околу тоа“.
Трамп и Ким за прв пат се сретнаа на самитот кој се одржа на 12 јуни 2018 година во Сингапур, каде што двајцата лидери потпишаа сеопфатен договор.
Трамп во своите последни изјави изрази верување дека со Ким ќе реализираат многи успешен самит, и дека нема да се брзаат во насока на денуклеаризација на Северна Кореја.