Ekipa
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ТОКИО (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се сретна на работна вечера со јапонскиот премиер, Шинзо Абе, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган беше пречекан од премиерот Абе пред неговиот Кабинет, а потоа двајцата лидери се фотографираа пред знамињата на двете земји.
Дел од работната вечера беше отворен за медиумите, каде што Ердоган изрази задоволство од посетата на Јапонија.
Турскиот претседател упати благодарност до Абе за неговото гостопримство, и упати честитки поради успешната организација на Самитот на лидерите на Г-20 во Осака.
Абе нагласи дека ќе вложуваат напори за развивање на стратешкото партнерство меѓу Турција и Јапонија.
На работната вечера присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; министерката за трговија, Рухсар Пекџан; потпретседателот на АК Партијата, Џевдет Јилмаз; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун; портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, како и претседателот на турската разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан.