Fatih Hafız Mehmet
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ), на 18-часовниот состанок не можеа да донесат одлука за тоа кој да ги заземе челните работни места во Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Пребен Ааман, портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Твитер напиша дека Туск го прекинал состанокот, кој треба да продолжи утре во 11:00 часот по локално време (09:00 GMT).
Лидерите на земјите членки на Блокот од синоќа преговараат за имињата на оние кои би требало да ги заземат челните места во Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент, на функциите висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика, и на Европската централна банка.