Behlül Çetinkaya
18 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - На средбата меѓу специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Халилзад, и министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Куреши, донесена е одлука наредната средба меѓу Талибанците и САД да се одржи во Исламабад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на локалните медиуми врз основа на дипломатските извори, шефот на пакистанската дипломатија, Шах Махмуд Куреши, и Халилзад, за време на нивната средба разговарале за улогата што ќе ја преземе Пакистан во мирот кој ќе се постигне во Авганистан.
На средбата е усогласено да се испрати покана до Талибанците со цел наредната средба меѓу САД и Талибанците да се одржи во Исламабад, како и на таа средба да бидат поканети и претставниците на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.
Во делегацијата на Халилзад, кој откако во септември дојде на функција, пет пати го посети Пакистан, биле присутни претставници од американските министерства за надворешни работи и одбрана, како и од Советот за национална безбедност.
Халилзад на неговата претходна средба побара од Пакистан да го употреби своето влијание, со цел Талибанците да бидат донесени на преговарачка маса.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, минатиот месец изјави дека организирале средба меѓу САД и Талибанците, кои потоа се состанаа на 17 декември во Катар.