Ömer Koparan,Adham Kako
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК синоќа се судри со опозициските сили на три точки во северниот дел на Сирија, на подрачјето „Штитот на Еуфрат“, подрачје кое претходно беше расчистено од терористите. Вооружената опозиција, која успеа да ги одбие нападите на терористите, загуби тројца припадници, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ЈПГ/ПКК во доцните вечерни часови, во северниот дел на Сирија, на подрачјето „Штитот на Еуфрат“, на три точки се судрија со припадниците на Сириската слободна војска.
Терористите на ЈПГ/ПКК, во обид да навлезат јужно од сириското место Азаз, кое се наоѓа наспроти турскиот град Килис, во селото Келџибрин и подрачјето Абле, западно од местото Баб, се судрија со опозицијата која го контролира ова подрачје.
Според информациите добиени од локални извори, во судирот до кој дојде во подрачјето Абле, животот го загубиле тројца припадници на опозицијата, а загинати и повредени има и во редовите на терористичката организација, која се обидела да навлезе на територијата под контрола на Сириската слободна војска.
Покрај тоа, ЈПГ/ПКК, која продолжува со своето присуство на територијата на Мунбич, под лидерство на САД изведе напад во подрачјето Хамран, сместено во северозападниот дел на Мунбич, но нападот беше одбиен од страна на опозицијата.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК се обидува да го наруши спокојот на луѓето во регионот, организирајќи напади врз подрачјата во кои живеат цивили, а ослободени се од страна на Турските вооружени сили (ТКС) и Сириската слободна војска (ССВ).