Esat Fırat
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Стотина еврејски фанатици во придружба на израелската полиција влегоа во дворот на комплексот „Месџид ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Управата на исламски вакуфи во Кудс се наведува дека 186 еврејски фанатици упаднале во „Ал Акса“ преку портата „Ал Магриб“ во југозападниот дел на комплексот.
Групата Евреи под заштита на израелската полиција ја напуштија „Месџид ал Акса“ откако прошетаа низ дворот на „Харем ал-Шериф“.
Ваквите посети во „Ал Акса“ од страна на еврејските фанатици предизвикуваат зголемување на тензиите.