İdris Sülün
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Бројот на аплицирани вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4,43 милијарди, според веб-страницата за следење на вакцинацијата „Ourworldindata.org“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина, каде што за првпат се појави вирусот, е на прво место во светот со администрирани над 1,77 милијарди вакцини.
По неа следуваат Индија со дадени 506,81 милион и САД со 350,63 милиони дози вакцини.
Бразил има администрирано над 151,71 милион, додека Јапонија 99,65 милиони дози вакцини.
По нив следуваат Германија со 94,68 милиони и Велика Британија со 86,21 милион дози вакцини.
Турција досега има администрирано над 76,64 милиони вакцини, со што се наоѓа на деветтото место во светот.
Во светот досега се аплицирани над 4,43 милијарди дози вакцини против овој вирус.