Haydar Karaalp,Mazin Majeed Asaad Baqal
18 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
Во провинцијата Мосул во Ирак, соопштено е дека имало судир меѓу безбедносните сили на земјата и терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од Мрежата за безбедносни медиуми блиска до ирачкиот премиер, наведено е дека членовите на терористичката организација ПКК без дозвола сакале да го поминат воениот контролен пункт на оперативната команда „Нинова“, 72-та бригада во Мосул. Ирачките сили не го дозволиле тоа, и се случиле судири меѓу ирачките сили и терористичката ПКК.
Во судирите меѓу ирачките сили и терористичката ПКК, двајца ирачки војници ги загубија своите животи, а 5 припадници на терористичката ПКК биле повредени.
Гувернерот на Синџар, Махма Халил, истакна дека судирите се случиле во месноста Синуни, во Синџар.