Aida Cako
14 Октомври 2025•Ажурирај: 15 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Пред Градското собрание во Милано вчера избија судири, кога пропалестински демонстранти протестираа против протоколот за збратимување со Тел Авив, јавува Анадолу.
Полициските сили интервенираа со палки додека демонстрантите од синдикатите и палестинските здруженија се собраа на Пјаца дела Скала.
Протестот следуваше по гласањето во Градскиот совет, кое минатата недела беше одложено поради недостиг на кворум.
Советниците гласаа за 15 предлози одделно, меѓу кои и за иницијативата за прекин на побратимувањето со Тел Авив – која не беше усвоена.
По објавувањето на резултатите, дел од присутните извикуваа пропалестински слогани и ги осудуваа советниците што гласаа против или се воздржаа.
По судирите, демострантите со спонтан марш се упатија низ центарот на Милано под силно полициско обезбедување, минувајќи низ плоштадите Сан Бабила и Обердан, по улицата Корсо Буенос Аирес и завршувајќи на Пјацале Лорето.
Маршот продолжи мирно, а демонстрантите носеа палестински знамиња, извикуваа пароли против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи поддршка за палестинскиот народ.
Од октомври 2023 година, израелските напади во Појасот Газа усмртија повеќе од 67.800 Палестинци, најголем дел од нив жени и деца, оставајќи ја енклавата речиси целосно неодржлива за живот.