Ahmet Furkan Mercan
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
ТОКИО (АА) - Тајфунот Миндуле во Тихиот Океан се движи кон Јапонија зголемувајќи ја и својата сила, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија упати предупредување во врска со тајфунот, кој се движи од Филипинското Море кон островот Окинотори-шима, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.
Според прогнозите на оваа агенција, тајфунот се движи со брзина од 180 километри на час, додека брановите високи од 6 до 8 метри се очекува да го погодат островот Окинава.
Тајфунот во ова подрачје ќе биде активен за два дена, а потоа ќе се движи североисточно и на 1 октомври ќе се приближи до островите Изу кај Токио.
Агенцијата пренесе дека тајфунот ќе предизвика силни ветрови, високи бранови и поројни дождови во јужниот и југоисточниот дел на земјата.