Kasım İleri
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Се тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп за време на една добротворна активност ги открил тајните детали за нападот во Сирија изведен во февруари од страна на американската војска, во кој животот го загубија и руски војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во тајност се чуваат деталите за воздушниот напад врз групата која се обидувала да го нападне кампот со припадници на ЈПГ/ПКК наречени Сириски демократски сили (СДС), а во кој се наоѓале и американски војници.
Но минатата недела, Трамп за време на една добротворна активност организирана од страна на Фондацијата на поддржувачи на Трамп „Комитет за победа на Трамп“, ги открил деталите во врска со нападот, давајќи пофални зборови за перформансот на пилотот на авионот „Ф-18“ кој учествувал во нападот.
- Детали во врска со тврдењата -
Лицето кое зборувало за американските медиуми и било учесник во добротворната активност тврди дека Трамп изјавил: „Во воздушниот напад кој траеше 10 минути убиени се меѓу 100 и 300 руски војници“.
Минатата недела весникот „Њујорк тајмс“ (New York Times) објави вест дека настанал судир меѓу американските војници и прорежимските вооружени групи во Сирија во времетраење од 4 часа, тврдејќи дека притоа се убиени околу 300 припадници на прорежимската милиција. Бидејќи деталите за нападот се чувани во тајност, американската администрација одби да даде коментар за ова прашање.
Се тврди дека Трамп на активноста организирана во хотелот „Лоти Палас“ во Њујорк, го споменал и префрлувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, додавајќи дека поранешните претседатели „меѓу кралските лобирања, не успеале да изнајдат моќ за префрлање на Амбасадата“, но конечно тој успеал да го постиге тоа.
Во продолжение се наведува дека Трамп изјавил оти сите светски лидери го контактирале со барање да се откаже од одлуката за префрлање на Амбадсадата во Ерусалим (Кудс), но тој истакнал дека не успеале да го убедат да ја промени одлуката.
На добротворната активност на која учествувале околу 100 бизнисмени и поддржувачи на Трамп, собрани се околу 5 милиони долари.