Ekipa
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска во окупираниот Западен Брег приведе 17 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Израелската војска се наведува дека Палестинците за кои станува збор, се приведени под сомнение за вмешаност во активностите на народниот отпор.
Израелските сили често вршат рации во домовите на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), и под различни наводи приведуваат Палестинци.
Според официјалните податоци на Палестина, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои 62 жени, 450 административни затвореници, 12 пратеници и 300 деца.