Handan Kazancı
04 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и неговиот американски колега, Рекс Тилерсон, остварија телефонски разговор во врска со Северна Кореја, објави руското Министерство за надворешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, министерството истакнува дека двајцата дипломати разговарале за настаните на Корејскиот Полуостров по тестирањето на Пјонгјанг на интерконтиненталната балистичка ракета на 28 јули.
Ова тестирање беше последниот чекор на Северна Кореја за развивање на оружје со капацитет за да стигне до САД.
Министерството соопшти дека Лавров и Тилерсон се согласиле да остварат средба на маргините на 24. Регионален форум АСЕАН (ASEAN), кој ќе се одржи од 6 до 8 август во главниот град на Филипините, Манила.